Денеска во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили остварија тет-а-тет средба, а се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации.
Во фокусот на разговорите беа билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грузија и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.
Во рамки на посетата на претседателката Зурабишвили, во претседателскиот кабинет ќе бидат потпишани Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија.
Претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.