Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан

16 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, во рамки на официјалната посета на Република Словенија оствари средба со Дејан Жидан, претседател на Државниот збор на Република Словенија.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво, при што беше истакнато дека двете земји во континуитет негуваат пријателски односи, без отворени прашања, со долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Во тој контекст, беше нагласена добрата соработка меѓу двата парламенти.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Државниот збор и изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата, а со тоа Република Северна Македонија, многу скоро, до крајот на оваа година, да стане полноправна членка на НАТО.

Претседателот Пендаровски подвлече дека во периодот што следи ќе продолжи соработката меѓу двете држави на планот на евроатлантските интеграции во рамки на Процесот „Брдо Бриони“, Процесот за соработка во Југоисточна Европа и другите регионални иницијативи.

На средбата беше посочена потребата за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји, за што беше констатирано дека постои голем потенцијал.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...