Средба на претседателот Пендаровски со Стопански комори од Северна Македонија и од Србија

22 ноември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, којшто е во официјална посета на Република Србија, денеска во Белград присуствуваше на средбата на Стопанските комори од Република Северна Македонија и од Република Србија.

На средбата се разговараше за продлабочување на надворешно трговската размена при што беше оценето дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката за полесен пристап до трети пазари.

Претседателот Пендаровски истакна дека од големо значење е зајакнувањето на регионалната соработка за зголемување на економскиот развој, намалување на невработеноста, подобрување на социјалната благосостојба на граѓаните, како и зголемувањето на трговската размена и инвестициите. Воспоставувањето на заедничко гранично управување на Табановце/Прешево, како што рече претседателот Пендаровски, е одличен, прв чекор за олеснување на протокот на стоки за компаниите, а со унапредување на неговото работење ќе се забрза протокот на стоки.

Во однос на новата иницијатива за идно слободно движење на стоки и услуги, но и работна сила, како и меѓусебно признавање на професионалните квалификации, Претседателот истакна дека основна цел на оваа иницијатива треба да биде зголемување на регионалната соработка и понатамошна интеграција на државите во Европската Унија преку имплементација на европските правила и стандарди на регионално ниво. Тој изрази надеж дека сите западнобалкански држави ќе се приклучат на оваа иницијатива.

На средбата меѓу коморите се разговараше и за мерките коишто може да се преземат за понатамошно олеснување на условите за бизнисот во смисла на укинувањето на тарифните бариери, сведување на царинските мерки на минимум во регионот, елиминирање на сите барања на податоци коишто не се во согласност со меѓународните препораки и договори, како и на намалување на трошоците за обезбедување на истите и усогласување на работното време на органите во двете земји кои се надлежни за спроведување на увозно-извозните постапки.

Во таа насока, на средбата помеѓу стопанските комори од Северна Македонија и од Србија беше констатирано дека има простор за интензивирање на соработката меѓу стопанските комори од двете земји со цел да се придонесе кон остварување на овие цели.

Претходно, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески беше дел од делегацијата која го придружуваше претседателот Пендаровски на средбата со српската премиерка Брнабиќ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...