Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна со раководството на Стоматолошката Комора на Македонија.
На средбата претставниците на Комората го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, како и за идните планови. Во таа насока од Стоматолошката Комора истакнаа дека следната година се одбележуваат 25 години од основачкото собрание на Комората, јубилеј којшто за нив е од особена важност.
Истовремено, претставниците на Комората посочија дека нивните заложби се во насока на се подобри образовни програми, со цел сегашните и идни стоматолози да гарантираат за оралното здравје на граѓаните.