Средба на претседателот Пендаровски со претставник на Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42

7 февруари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја прими Искра Стојковска, основач и програмски координатор за зачувување на Охридскиот регион од Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42. На средбата присуствуваше и претставник на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за мисијата и досегашните активности на здружението во насока на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, односно спроведувањето на еколошката легислатива и унапредувањето на еколошката демократија.

Претседателот Пендаровски оцени дека односот кон животната средина во Северна Македонија веќе со децении бележи негативен тренд, нагласувајќи дека тоа е прашање кое што во никој случај не смее да им се препушти на идните генерации, туку да се дејствува веднаш, со одлучни и конкретни мерки.

Во таа насока Претседателот ги охрабри двете страни да соработуваат поинтензивно, бидејќи нивен заеднички интерес е заштита на културно богатство на Охрид и на Охридскиот регион.

Истовремено, претседателот Пендаровски го реафирмираше својот став дека сите треба да работиме за зачувување на Охрид како град на УНЕСКО. Тоа, како што нагласи претседателот Пендаровски е предизвик којшто наложува континуиран, системски и бескомпромисен ангажман во кој не смее да има никакви калкулации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...