Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн

9 март 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се пријателски, со заедничка посветеност за натамошно зајакнување на соработката. Луксембург, оцени претседателот Пендаровски на средбата, е наш ценет партнер во контекст на европската и евроатлантската интеграција. Северна Македонија, беше потенцирано на средбата, високо ја цени силната поддршка од Луксембург и активната улога на министерот Аселборн во однос на прашањето за отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија, како и за ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државата во НАТО во јули минатата година.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешно донесување на новата методологија за водење на пристапните преговори за членство и одредување на датум за нивен почеток.

На средбата претседателот Пендаровски изрази благодарност и за техничката помош од Луксембург наменета за јакнење на административните капацитети на Северна Македонија во контекст на европските интеграции. Во контекст на натамошното продлабочување на билатералната соработка, на средбата беше посочена потребата за зајакнување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете држави. Претседателот Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за директни инвестиции од луксембуршки компании.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи ги предизвиците поврзани со нелегалната миграција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...