Средба на претседателот Пендаровски со претставници на партијата Македонска Алијанса за европска интеграција од Република Албанија

14 мај 2020 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на Република Албанија. Пратеникот Стерјовски беше придружуван од Таќо Гроздани, генерален секретар на партијата.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, начинот на справување во Албанија, како и во регионите каде живее македонско население во земјата.

Соговорниците го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија во насока на унапредување на положбата на Македонците во Албанија, како и односите меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски констатираше дека Северна Македонија и Албанија имаат одлична соработка, а работата на Македонската алијанса може да придонесе кон унапредување на релациите, како и поврзување на заедниците во двете земји.

Покрај добрите соседски односи, двете земји сега имаат проширена можност за соработка како членки на НАТО, како и размена на искуства во европската интеграција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...