Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Блажо Тредафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање.
На средбата се разговараше за тековната работа на Управата за финансиско разузнавање.
Директорот Трендафилов информираше за активности поврзани со заштита на финансискиот систем на државата од заканите од перење пари и финансирање на тероризам преку почитување на меѓународните стандарди.