Средба со министерот за здравство Филипче, НГШ на Армијата Ѓурчиновски и директорот на ЦУК Ангелов

16 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министерот за здравство, Венко Филипче, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На средбата се разменија информации за актуелната ситуација со Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните органи за сузбивање на пандемијата.

Министерот Филипче информираше за моменталната состојба на заболени и починати од коронавирусот, за расположливите капацитети и ресурси, како и за проекциите за функционирање на здравствениот систем во државата во следниот период. Тој ги образложи најновите одлуки на Владата за прифаќање на препораките на Комисијата за заразни болести за дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари. Министерот Филипче се осврна и на соработката и поддршката што здравствените власти ја добиваат од Армијата во контекст на реорганизацијата на болниците во државата за прием на заразени пациенти и наши граѓани.

Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски реферираше за армиското учество во справувањето со коронавирусот и притоа нагласи дека ангажирањето на Армијата во асистенција на институциите во спречување на ширењето на Ковид-19 тече според предвидената динамика и план. Началникот на Генералштабот информираше за конкретните мерки, начинот на ангажирање и употреба на потребните ресурси на Армијата кои се извршуваат врз основа на побарувањата и оперативните планови на Главниот штаб.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше за работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, за преземените мерки и досегашни активности на институциите во справувањето со пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Тој нагласи дека нивен приоритет е рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19. Директорот Ангелов информираше и за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор.

Претседателот Пендаровски, оценувајќи дека состојбата со коронавирусот кај нас, како и насекаде во Европа, е исклучително сериозна, повика на уште поголема одговорност и посветеност во работата на надлежните институции. Тој истакна дека е неопходна целосна координација и соработка на сите надлежни институции вклучени во активностите против ширење на коронавирусот, како и во справувањето со последиците предизвикани од Ковид-19.

На средбата стана збор и за усвоената информација од Владата за вакцинација против Ковид-19, која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како Координатор на набавки во COVAX механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...