Средба со претставници на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ

24 ноември 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ, Скопје.

Информирајќи за актуелните предизвици со коишто се соочуваат, претставниците на ЗЏМ ја истакнаа важноста од соодветна вклученост на компетентни лица во одлучувачките процеси во областа на џез културата.

Од Здружението ја нагласија неопходноста од институционализација и обезбедување простор за работа на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, од вклучување на нивни членови во процесот на распределба на средствата за финансирање на проекти од областа на џез музиката, коишто се од национален интерес, како и потребата од ревидирање на работата на двете џез академии кои функционираат во рамки на Универзитетите во Скопје и во Штип, за поуспешно реализирање на главната цел – подигнување на џез културата во земјава.

Осврнувајќи се на предизвиците произлезени од Ковид-19, претседателот Пендаровски нагласи дека културата беше значително погодена од пандемијата. И покрај предизвиците, Претседателот го нагласи исклучително значајниот придонес на Здружението на џез музичари и слободни уметници во афирмацијата на џез културата во земјава и во странство, охрабрувајќи ги заложбите за споделување на нивните искуства, како и за подобрување на условите за изведба и создавање на квалитетна музика, како траен белег и еден од фундаментите на секое општество.

Здружението е основано во 2016 година и во него членуваат дел од најреномираните џез музичари од земјава, студенти и професори на џез академиите во Скопје  и во Штип како и слободни уметници.  Се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, организира џез фестивали и соработува со меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria - WOBA (Жени во органи на управување Јадран). Во...

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри. На средбата беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со висок степен на...