Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со Папата Франциск

29 мај 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск.

Заблагодарувајќи се за можноста за реализација на телефонскиот разговор со Папата Франциск, претседателот Пендаровски изрази жалење што поради пандемијата на КОВИД-19 не се реализираше неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не беше остварена средбата со Неговата Светост.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Светиот Престол, кои се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Истакнувајќи ја историската важност на минатогодишната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски посочи на интересот на нашата држава за продлабочување на врските со Светиот Престол во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст претседателот Пендаровски го истакна придонесот на католичката заедница во Северна Македонија како во градењето на односите со Светиот Престол така и во севкупните меѓу-религиски односи во земјата.

Покрај останатото, двајцата соговорници разменија информации за актуелната состојба поврзана со пандемијата на КОВИД-19. Претседателот Пендаровски оддаде признание за улогата на Папата Франциск во охрабрување на луѓето и нациите и поттикнувањето на солидарноста како клучен елемент за заедничка борба против пандемијата и последиците од неа.

Претседателот Пендаровски го истакна и големиот придонес на Неговата Светост за глобалните прашања што нè засегаат сите, како што се мирот, борбата против сиромаштијата, хуманото постапување со бегалците и мигрантите, климатските промени и животната средина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ со планинарката Мира Симоновски од Делчево

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ со планинарката Мира Симоновски од Делчево

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, ја посети планинарката Мира Симоновски од Делчево. Во разговор со претседателот Пендаровски, 74- годишната Симоновски ги...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 60-годишнината од Уставниот суд

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 60-годишнината од Уставниот суд

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченото отворање на Меѓународната конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, што по повод 60-годишнината од постоењето на Уставниот суд се...

Отворен Кабинет за ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и од специјалното средно училиште „Света Марија“ од Романија

Отворен Кабинет за ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и од специјалното средно училиште „Света Марија“ од Романија

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од скопското основно училиште „11 Октомври“ и ученици од средното училиште за лица со оштетен слух „Света Марија“ од Романија, коишто престојуваат во земјава како гости на...

Обраќање на г-а Ѓоргиевска на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката

Обраќање на г-а Ѓоргиевска на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата „Калиопе Aвстрија и Северна Македонија, жените во општеството, културата и науката“ што се одржа во организација на амбасадата на Австрија во земјава, а во соработка...

Отворен Кабинет за основци од училиштата „Александар Македонски“, „Свети Кирил и Методиј“ и за деца од скопската градинка „Орце Николов“

Отворен Кабинет за основци од училиштата „Александар Македонски“, „Свети Кирил и Методиј“ и за деца од скопската градинка „Орце Николов“

Кабинетот на претседателот Пендаровски, денеска, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од скопските основни училишта „Александар Македонски“, и „Свети Кирил и Методиј“, како и деца од градинката „Орце Николов“, од Скопје. [gallery...