Трет модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

4 септември 2021 | Соопштенија

 

Викендов се одржува третиот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со партнерската фондација „Конрад Аденауер“, канцеларија во Северна Македонија.

 

Учесниците на Школата за политики во рамки на третиот модул имаат можност да ги унапредат своите знаења во областа на надворешната политика, европските интеграции и регионалната соработка.

Третиот модул на Школата за политики го отворија проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот Пендаровски за уставни прашања и  Даниел Браун, директор на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Северна Македонија. Тие ја истакнаа важноста на политичкото образование за зајакнување на политичкиот и општествениот дијалог во државата како клучен услов за реализација на стратешката цел за изградба на просперитетно и демократско општество и успешна интеграција во Европската Унија. Во продолжение на првата сесија се обрати и европратеничката Марион Валсман, потпретседателка на заеднички парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. Валсман ја повтори безрезервната поддршка на Европскиот парламент за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, а во рамките на своето обраќање ги сподели и искуствата од соработката со Собранието во рамките на дијалогот „Жан Моне“.

Третиот модул се реализира со учество на еминентни гости и предавачи од земјата и од странство. Mинистерката за одбрана на Република Северна Македонија,  Радмила Шекеринска – Јанковска, се осврна на придобивките од членството во НАТО и неговата клучна улога во зајакнувањето на националната и регионалната безбедност. Поранешниот вицепремиер за европски прашања и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски, поранешниот министер за надворешни работи  Никола Попоски и амбасадорката и шефица на мисијата на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси дебатираа за влијанието на надворешните актери и дипломатскиот предизвик за Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Советникот на претседателот Пендаровски за надворешна политика, амбасадорот Гоце Карајанов одржа презентација за новите трендови во дипломатската пракса во контекст на дипломатското искуство на нашата држава. Професорите од универзитетите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“ д-р Марјан Ѓуровски и  Ризван Сулејмани, заедно со извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Секуловски, дебатираа за влијанието на надворешните актери во регионот врз регионалната безбедност. Говорејќи за закрепнувањето по пандемијата со КОВИД-19, пратеникот Тимчо Муцунски и советникот за надворешна политика на претседателот на Владата Едмонд Адеми, заедно со професорот Бодо Херцог од Универзитетот во Ројтлинген во Германија и професорот Матео Спахо од Универзитетот „Луараси“ од Тирана, Албанија, ги анализираа предизвиците на државите кандидатки за членство во ЕУ и нивните тековни односи со ЕУ.

Во текот на утрешниот ден, директорот на Секретаријатот на транспортната заедница на ЈИЕ,  Матеј Закоњшек, претседателот на Индустриската комора при Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски и советникот за економски прашања во Владата, Јоханес Хајдекер ќе дебатираат за можностите и механизмите за регионална соработка на земјите од западен Балкан на нивниот пат кон интеграција во Европската Унија, со фокус на економската соработка и инфраструктурната поврзаност. На крајот од модулот, резидентниот директор на Регионалната организација за младинска соработка за Северна Македонија,  Владимир Ѓорѓевски и Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ ќе се осврнат на можностите и механизмите за регионална соработка на државите од западниот Балкан во областа на младинската политика.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...