Учество на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

26 октомври 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ќе учествува на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020.Обраќањето може да го проследите на следниот линк: https://virtualexpodubai.com/listen-watch/events/vision-and-journey-prof-dr-elizabeta-georgievska-first-lady-of-north

Сопругата на претседателот, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен министер за владин развој и иновации на Обединетите Арапски Емирати, а во придужба на Худа ал Хашими, генерален директор за стратегии и иновации во Канцеларијата на премиерот на Обединетите Арапски Емирати и Шамса Салех, генерален секретар на Советот за родова еднаквост на Обединетите Арапски Емирати ги посети Кулите Емирати. Ѓоргиевска во Дубаи ги посети и музеите Етихад и Ал Шиндага.

На маргините на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020, Ѓоргиевска во Дубаи ќе оствари средби и со Омар Султан Ал Олама, државен министер за вештачка интелигенција, како и со Риим Ал Хашими, министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати и главен директор на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...