Почитуван господине претседател,
Јас и американските граѓани заеднички упатуваме срдечни честитки до вас и граѓаните на Северна Македонија по повод 28-та годишнина од вашата независност.
Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Северна Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото, и отчетноста на владата е за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот.
Ви се придржувам, вам и на граѓаните на Северна Македонија, во прославата на овој значаен ден.
Со почит,
Доналд Џ. Трамп