Господине Претседател,
По повод денот на независноста, Вам и на Вашиот народ, Ви упатувам срдечни честитки и во името на моите сонародници.
Оваа година имате особена причина за славење: со историската промена на името како и претстојниот прием во Северноатлантската алијанса, Северна Македонија импресивно ја истакна својата позитивна улога во регионот. Сакам да ја поддржам Вашата земја, консеквентно и понатаму да чекори до патот во правец кон Европската унија со напредокот во владеењето на правото, доброто владеење како и регионалната соработка. Германија и понатаму ќе ја поддржува Вашата земја на овој пат како искрен и сигурен партнер.
Ве молам примете ги моите најдобри желби за Вашето лично здравје и среќна иднина на Вашата земја.
Франк-Валтер Штајнмајер
Претседател на Сојузна Република Германија