Ѓоргиевска: Значајна јапонска донација во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје

19 октомври 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, присуствуваше на комплетирањето на проектот GGP – програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност  којашто е еден од столбовите на jапонската стратегија за соработка во Северна Македонија.

За време на настанот, директорката д-р Силвана Филипова и вработените во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, на сопругата на претседателот и на јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада, им ги презентираа донираните 4 медицински апарати:  систем за биофидбек, дигитална интерактивна паметна табла,  ВокаСтим Мастер апарат со коишто во изминатите месеци се извршени околу 1000 интервенции за пациенти од целата држава.

Сопругата на претседателот истакна дека е многу значајно што донираната опрема од Јапонија веќе дава особен придонес во работата на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, особено што современите апарати се од голема помош при рано откривање на нарушувањата, а со тоа се помага во поефикасни интервенции за децата и возрасните на кои им е потребна поддршката.

Заблагодарувајќи се за јапонската помош, г-а Ѓоргиевска изрази задоволство што соработката помеѓу Кабинетот на претседателот, Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и Јапонската амбасада вроди со донираната медицинска опрема која ќе придонесе во дијагностиката и терапијата во оваа установа. Таа истакна дека континуираната поддршка преку проекти во здравствениот сектор за нашата земја е потврда за солидарноста и пријателството меѓу двете земји.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...