Јавен повик: „Волонтираме за солидарно општество“

24 април 2020 | Јавни повици, Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, со цел поддршка на хуманоста и солидарноста во нашето општество објавува повик за собирање  прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Под мотото „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, ги повикуваме граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во Република Северна Македонија, меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси, да се приклучат кон оваа иницијатива за заеднички да им ја дадеме неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.

Производите ќе се донираат во канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ во центарот на Скопје, којашто ќе биде целосно адаптирана во согласност со логистичките потреби, како и кај партнерите вклучени во оваа иницијатива.

Канцеларијата ќе работи три дена седмично (понеделник, среда и петок), а волонтери ќе се грижат за прием на производите, како и за подготовка на хуманитарните пакети и за нивна дистрибуција. При работата на волонтерите ќе се почитуваат сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).

Работно време на канцеларијата „Млади Хаб“– за  центар за волонтери за поддршка со хуманитарни пакети за граѓани во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот:

  • Понеделник и среда од 10:00 до 13:00 часот – прием на производи;
  • Петок од 10:00 до 13:00 часот – подготовка и дистрибуција на хуманитарните пакети.

Сите заинтересирани можат да донираат конзервирана и пакувана храна, производи за чистење и перење, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција.

Доставата до претходно определени граѓани кои се екстремно социјално загрозени ќе се врши во тесна соработка со партнерите, при што ќе бидат почитувани протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Кон оваа иницијатива ќе бидат вклучени следните партнери:

– Црвен крст на Република Северна Македонија;

– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници;

– „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци;

– Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, со фокус на децата;

– „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.

Повеќе детали за начинот на достава, како и тип на производи коишто може да се донираат, може да се добијат од лицата за контакт од Кабинетот на претседателот:

Контакт лица од партнерските организации:

  • Црвен крст на Република Северна Македонија – контакт лице: Мајлинда Мустафа, тел: 071/22 39 64, е-пошта: [email protected]
  • Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници – контакт лице: Мила Тасевска, тел: 078/64 91 18, е-пошта: [email protected]
  • „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци – контакт лице: Тони Станковски, тел:078/26 37 92, е-пошта: [email protected]
  • Здружение за хумано-општествен развој – Проект Среќа, со фокус на децата – контакт лице: Благица Ристов,тел: 078/ 40 52 64 , е-пошта: [email protected]
  • „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање на земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани – контакт лице: Душко Христов, тел: 070/34 36 36, е-пошта: [email protected]

Организации, компании и физички лица кои се приклучија кон иницијативата „Волонтираме за солидарно општество“ се:

  • Пекабеско АД
  • Даути Комерц АД
  • Макпрогрес ДОО
  • Рудник Саса
  • Алкалоид АД Скопје
  • ЕВН Македонија
  • Пивара Скопје АД
  • Фреш Фарм
  • Британска амбасада
  • Тинекс

 

Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...