Претседателот Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на 100 годишниот јубилеј од основањето на Пивара Скопје

2 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ и со главниот извршен директор на групацијата Coca-Cola HBC, Зоран Богдановиќ и присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 100 годишнината од основањето на компанијата.

На неформалната средба, раководството на Пивара Скопје го информираше претседателот за нивните најнови инвестиции во производството, за тековни проекти како општествено одговорна компанија, за едукативните програми за развој и намалување на невработеноста кај младите, како и за придонесот кој го даваат кон одржливоста и заштитата на природните ресурси.

Претседателот Пендаровски го честиташе 100-годишниот јубилеј на Пивара Скопје и посочи дека компанијата со своите услуги и производствени капацитети, како и со конкурентноста на странските пазари, има значајна улога во севкупниот економски развој на државата.

Во таа насока, претседателот Пендаровски ја поздрави реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Пивара Скопје како еден од најпрепознатливите брендови во земјава и пошироко ќе продолжи со успешниот развој на компанијата во духот на инвестициите и иновациите, следејќи ги современите светски стандарди.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...