Претседателот Стево Пендаровски во интервју на Телевизија 24 ги искажа своите ставови за актуелните теми од надворешната и внатрешната политика на земјата.
Студентските протести, промена на Уставот и евентуални последици, случајот со Онишченко и АНБ, дојавите за бомби во средните училишта, беа дел од прашањата во интервјуто. Претседателот говореше и за нашата позиција како земја-членка на НАТО низ призма на војната во Украина, како и за очекувањата од пристапните преговори за членство во ЕУ од аспект на односите со Бугарија.
Во однос на студентски протести, претседателот смета дека нивните барања имаат основа и ги повика власта и опозицијата да излезат во пресрет на студентите.