Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите

5 септември 2021 | Соопштенија

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе се одржат низа културни настани преку кои ќе се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост.

Одбележувањето на 30-годишнината на независноста во Кабинетот на Претседателот, насловено како „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ претставува пресек на само скромен дел од уменичките белези, артикулирани низ визуелните, изведбените и музичките интерпретации.

На 07.09.2021 година – вторник, со почеток во 19:00 часот, претседателот Стево Пендаровски свечено ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ на која ќе бидат претставени автори и дела кои се приказ за виталноста и автохтоноста на историското колективно постоење и дејствување. На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сѐ до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши. Во рамки на изложбата ќе има и резиме на околу 143 автори кои имаа најголемо влијание во изминативе 30 години, а чии дела ќе бидат дигитално претставени. За време на настанот, млади уметници – студенти од Факултетот за ликовни уметности ќе изработуваат слика – мурал, што ќе биде донирана во хуманитарни цели, а ќе настапи и Долорес Поповиќ, актерка и композиторка. Изложбата ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена за секој посетител со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот. Посетата ќе биде организирана во зависност од бројот на пријавени граѓани, а во согласност со актуелните мерки за заштита од Ковид-19.

На 09.09.2021 година – четврток, со почеток во 20:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе се изведе перформанс „Везилка“, посветен ракопис на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура. Блаже Конески. Перформансот „Везилка“ се базира на драматуршки рекомпонирани стихови на Конески, но и делови од неговата проза, како и делови од разговорите со Цане Андреевски, а ќе го подготват и изведат: музичката група Фолтин, Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска. Перформансот „Везилка“ се одржува во годината во која се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, втемелувачот на современата македонска филологија, лингвистика, литература и култура. Претседателот Стево Пендаровски е покровител на манифестацијата „2021-Година во чест на Блаже Конески“.

На 10.09.2021 година – петок, со почеток во 20:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна Димчевска.

Новинарските екипи коишто сакаат да ги проследат настаните е потребно да пристигнат во Кабинетот на Претседателот во следните термини:

  • за изложбата „Ликовни блесоци“ на 07.09.2021 година во 18:30 часот,
  • за перформансот „Везилка“ на 09.09.2021 година во 19:30 часот,
  • за концертот на 10.09.2021 година во 19:30 часот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...