Претседателот Пендаровски во посета на општина Валандово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

29 март 2022 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Валандово во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на посетата, претседателот Пендаровски во село Удово разговараше со локални земјоделци и сточари, кои му ги пренесоа предизвиците од нивната работа, размислувањата за можностите за унапредување на производството и обезбедувањето на пласманот на производите.

Во Валандово, претседателот Пендаровски се сретна со Марио Томов, креатор на апликацијата Селектирај Отпад. Станува збор за иновативен начин на третирање на отпадот преку едноставно користење на апликацијата. Проектот има за цел да го промени начинот на собирање на отпад и да го унапреди квалитетот на животната средина, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од нивното учество. Услугата засега е достапна во Валандово и во делови од Скопје. Томов ги претстави неговите планови за зголемување на бројот на корисници во општините во Скопје и во државата. Претседателот Пендаровски истакна дека апликацијата е добар пример што треба да се следи и во другите општини.

Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...