Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше на отворањето на Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар во Охрид

5 декември 2019 | Aктивности, Соопштенија, Средби

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Охрид присуствуваше на отворањето на Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар во ЈЗУ Општа болница – Охрид, наменет за деца на возраст од 2 до 8 години.

Центарот е изграден со донација на Владата на Република Бугарија преку Програмата за помош и развој за 2019 година. Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, а е поддржан од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, кое ги отстапи просториите за користење во рамки на Општата Болница во Охрид и болницата Св. Еразмо.

„Навистина ова претставува преубав простор, кадешто ќе може децата да се третираат со најсовремени методи. Им посакувам успех во иднина. Како што слушнавме, веќе има пријавено пациенти и се повеќе ќе се пријавуваат. Верувам дека овој центар ќе придонесе за подобрување на здравствената состојба на голем број деца“, изјави Ѓоргиевска.

На отворањето на центарот присуствуваа и Венко Филипчe, министер за здравство на Република Северна Македонија, Кирил Ананиев, министер за здравство на Република Бугарија, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Славица Малеска Стојадиновиќ, директор на ЈЗУ Општа болница – Охрид, Златко Стојановски, претседател на Здружението за аутизам „Во мојот свет“, Димитар Иванов, генерален бугарски конзул во Битола и Антонија Велева, советник во Амбасадата на Бугарија во Скопје.

Сопругата на Претседателот, заедно со дел од присутните на отворањето на Центарот, ќе посетат основни училишта во три битолски села: Бач, Радобор и Чарлија. Во ОУ „Гоце Делчев“ во с. Чарлија, на официјалното презентирање на реализираните проекти за реконструкција на училиштата од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, учениците од трите училишта ќе изведат пригодна програма.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...