Претседателот Пендаровски се обрати на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“

2 декември 2021 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, по повод 75 годишнината од неговото основање.

Како покровител на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“, претседателот Пендаровски нагласи дека секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Авангардата на македонската ликовна уметност е револуционерна за времињата кога се формира ДЛУМ, но, актуелна е за денешните, а ќе биде и за сите идни генерации.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани,

Во времиња кога брзината е поважна од вредноста, кога нашето внимание го преокупираат инстантни „твитови“ и фејсбук објави, секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Токму затоа, Друштвото на ликовните уметници на Македонија, има вонредно значење, имајќи ги во предвид сите децениски искушенија во кои настанува, се развива и опстојува до ден-денешен. Станува збор за една од најзначајните струкови уметнички и културни заедници, која ги одразува тековите не само во ликовната уметност, туку, генерално, во современото македонско уметничко творештво.

Само со јасни стратешки определби за градењето на културните политики, можеме да го развиваме нашето културно наследство во една нова, конструктивна и креативна критичка перспектива, што е основата врз која се создава и актуелната, живата култура. Овој јубилеј на ДЛУМ, треба да ни биде поттик и поука за тоа како треба секој човечки влог, настанат во специфични идентитетски, економски и социо-културни околности, да се документира, негува, култивира и развива понатаму како отворена структура за новите парадигми во културата, уметноста и генерално, во општеството.

Не само заради моментната инспирација од овие импозантни дела, околу нас, на нашата модерна и современа уметност, транс-историските аспекти на постоењето на уметничкото творештво можеме да го согледаме низ целокупното постоење на ДЛУМ. Имено, стиловите кои ги втемелуваат неговите основачи, Личеновски, Мартиноски, Поповиќ-Цицо, Владимирски, Белогаски и многумина други, како и оние на денешната, актуелна уметничка продукција, претставуваат потпорна точка од која произлегува фактот дека нашите уметнички креации се рамноправен репрезент на светските струи во уметноста. Авангардата на македонската ликовна уметност е револуционерна за времињата кога се формира ДЛУМ, но, актуелна е за денешните, а ќе биде и за сите идни генерации.

Почитувани,

Дозволете ми во ова прилика да се повикам на размислувањата на еден од најзначајните визуелни уметници од втората половина на минатиот век, Јозеф Бојес, чија 100 годишнина од раѓањето прославуваме годинава и кој несомнено има влијание и врз нашите современи уметници. Тој вели: „Сметам дека уметноста е темелна политичка сила, дури би рекол, револуционерна и еволуциска. Единствената сила која може да го ослободи човештвото од репресија. Секој уметник е ко-создавач на општествената архитектура, и, со тоа, учествува и има одговорност во креирањето на прогресивните, демократски процеси во општеството. Уметникот е слушнат од сите, затоа што неговиот глас преку творештвото, неговиот јазик, стигнуваат најдалеку… па колку и да се неповолни условите во кои уметниците создаваат…  тие ја имаат моќта да бидат гласот на тивките и на обезгласените…“.

Низ историјата на ДЛУМ може да се увиди дека визуелните уметности, во сите нивни многубројни форми и изрази, низ целиот 20 век, па сѐ до денес, се единствените од сите гранки на уметностите кои се во динамична промена, налик на динамичните промени на целиот социо-културен и политички пејзаж. Тие промени се технолошки, но, и естетски. И преку нив, еве и овде, низ оваа ретроспектива посветена на 75 годишнината на ДЛУМ, осознаваме дека уметноста низ разни техники реагира и укажува на општествените финеси, аномалии, се разбира и на доблестите. Дискурсот кој го нуди уметноста е клучната алатка која може длабински и суптилно да навлезе во проблематичните, но и во прогресивните општествени перспективи. А при тоа, уметниците никогаш да не ја напуштат својата автономија.

Низ историјата на ДЛУМ прилично транспарентно може да се согледа општествената инфраструктура на нашиот културен и уметнички развој. Историјата и актуелната вредност на ДЛУМ се наследство кое трае и отвора нови хоризонти. Со тоа, ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики, кои треба внимателно да ги развиваме.

Ви го честитам јубилејот и ви посакувам уште многу творечки патувања во децениите кои доаѓаат!

Ви благодарам!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...