Претседателот Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година

26 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година на авторите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат за проектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Големата годишна награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија,
Почитувани гости,
Дами и господа,

Би сакал денешново обраќање како покровител на манифестацијата за доделување на Големата годишна награда за архитектура, да го започнам со мала реминисценција.

Имено, пред десет дена, во просториите на претседателскиот кабинет, само неколку месеци по Венеција, во рамките на 18. интернационална изложба на архитектура, и на македонската јавност и ја претставивме изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“.

Тоа беше убава можност преку македонскиот претставник на реномираното архитектонско биенале во Венеција, да се проговори за македонската архитектура и за нејзината поставеност кон светот. Имајќи во предвид дека самата изложба во себе го содржи светогледот на учесниците на летната школа, кога биле на почетоците на својот професионален пат, и тоа во период од две и пол децении, можевме да посведочиме за раскошот од идеи и визии, но и знаења и вештини низ годините.

Впрочем, сево ова и го содржи архитектурата како специфичен спој меѓу науката и уметноста, како обединување на целисходното со убавото, но, и како сублимат на човековиот нагон за траење и оставање печат во времето.

За жал, не сите проекти стасуваат до реализација. Честопати, општествениот контекст, финансиските лимити, парохијалната тесноградост и политичките интервенции, се препреки за креативноста на архитектите.

Се разбира, идеите го наоѓаат својот пат до целта, затоа што тешко се сопира творечкиот порив на архитектите како вонвременски творци и неимари. Од разговорите со авторите и гостите, понови и постари генерации архитекти, професори и студенти, за време на настанот кој го споменав, недвосмислен беше впечатокот дека имаме огромен потенцијал кој не смее да остане маргинализиран.

Почитувани,

Вие подобро од мене знаете дека поседуваме традиционална архитектура на која се восхитувал и големиот Корбизје, имаме брилјантни мајстори како Андреа Дамјанов, а, пред само неколку децении, во времето на поранешна Југославија, егзистираа неколку македонски градежни гиганти кои изградија велелепни објекти на сите континенти. Сево ова е само потврда повеќе дека поседуваме фундаменти кои ни овозможуваат да му го откриеме на светот нашиот талент, со кој, излегуваме од рамките на локалното и националното, излегуваме надвор од просечноста.

Почитувани пријатели,

Со доделувањето на Големата годишна награда, каде што се презентираат највредните архитектонските остварувања во тековната година, како и со своите останати активности, Асоцијацијата на архитекти придонесува за промоција на македонската архитектура и за соодветно, јавно вреднување на дострелите на македонските архитекти.

Живееме во комплексни времиња на простор каде што не е лесно да се твори, имајќи предвид дека архитектите чувствуваат притисок од инвеститорите, за жал, некогаш и од носителите на јавни функции, а модерната, бескрупулозна трка за профит го игнорира естетското и хуманото. Во опкружување каде што предност добива инстантното и каде што доминира кичот, предизвикот да се направи успешно и естетско издржано дело кое ќе го издржи тестот на времето е уште потежок.

Би сакал на крајот од моето обраќање, пред да го соопштам добитникот на Големата годишна награда, да ви посакам посреќна 2024 и се разбира, добро здравје и мотивација за нови и вредни архитектонски достигнувања.

Сега дозволете да го прогласам и да го поздравам добитникот на Големата годишна награда за архитектура.

Најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година е:

Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово, Скопје
Студио: Синдикат
Автори: Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски
Соработници: Саше Нешиќ и Катина Сутоглу.

Најискрени честитки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...