Средба на претседателот Пендаровски со младиот Ајдин Османовиќ

21 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими 12 годишниот Ајдин Османовиќ, од Сребреник, Босна и Херцеговина, кој фасцинира со изведбата на македонски традиционални песни.

Зборувајќи за љубовта кон музиката и кон традиционалната македонска музика, Ајдин истакна дека не му е тешко да пее на македонски јазик, иако не е негов мајчин јазик. На своите солистички концерти, покрај македонски, тој пее и традиционални босански песни. Неговиот професор и ментор Јасмин Брашњиќ, кој постојано го придружува Ајдин, истакна дека важно е да се негува и да се доближи традицијата до помладата генерација.

На денешната средба Ајдин воодушеви пеејќи ја „Зајди Зајди“. Истакнувајќи дека волшебниот глас на Ајдин е надополнет со неговата волшебна насмевка, претседателот Пендаровски рече дека Ајдин поседува талент кој несомнено ќе му донесе големи успеси.

Ова е втора посета на Ајдин на нашата земја. Во мај годинава, тој имаше солистички концерт во Крива Паланка. Сега престојува во државата, повторно на покана на градоначалникот Сашко Митовски, а поводот е одлуката на општина Крива Паланка да се збратими со Сребреник, родниот град на талентираниот Ајдин Османовиќ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...