Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер.
Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета потребно е да се акредитираат најдоцна до 27 март 2023 година (понеделник) до 10:00 часот, со достава на следните податоци:
– Име и презиме на медиумскиот претставник,
– Функција (новинар/снимател/фоторепортер),
– Единствен матичен број и број на лична карта.
Податоците е потребно да се достават на електронската адреса [email protected]
Лице за контакт: Билјана Радева, 076/45 55 45