Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Јапонија

17 јануари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Јапонија, Сецуко Кавахара.

На церемонијата на предавање на акредитивите, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека, иако географски оддалечени, нашите две земји ги поврзуваат заеднички вредности и визија за градење на подобар свет, додавајќи дека е длабоко уверена во постоењето на силна заемна волја за продлабочување на билатералните односи и зближување на нашите народи.

„Нашата држава ја цени соработката со земјите од азискиот континент, а односите со Јапонија имаат посебно место во нашата надворешна политика. Вашето богато дипломатско искуство и подготвеност несомнено ќе придонесат за натамошно зајакнување на односите во сите области од заеднички интерес, од политичката и економската сфера, до културната размена и научно-технолошката соработка“, рече претседателката.

Во таа насока го изрази своето задоволство од разновидните јапонски програми и проекти за соработка, што оставаат исклучителен белег во македонското општество, а особено јапонскиот позитивен пример за славење јубилеи, 30 оригинални настани што ќе останат како печат за македонско-јапонското пријателство.

Амбасадорката Кавахара, навраќајки се на минатогодишното одбележување на 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи, кажа дека за нив е особена почест присуството на претседателката на дел од настаните поврзани со одбележувањето на тој јубилеј. Таа потенцираше дека Јапонија придава исклучително значење на стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан посебно преку „Иницијативата за соработка со Западен Балкан“ покрената од Владата на Јапонија во 2018 година, во чии рамки успешно се спроведоа неколку програми во области како што се економијата, заштитата на животната средина и спречувањето на катастрофи.

Амбасадорката изрази подготвеност за понатамошна поддршка на нашите реформски процеси, додавајќи дека е решена да ги вложи сите напори за продлабочување на билатералните односи и за унапредување на соработката на меѓународната сцена.

Претседателката Сиљановска-Давкова на амбасасорката Кавахара ѝ посака успешно извршување на дипломатската мисија со уверување за плодна идна соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност: Состојбата во којашто се наоѓаме e стабилна и безбедна

Денеска во Кабинетот на Претседателката се одржа третата седница на Советот за безбедност. На седницата со којашто претседаваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваа сите членови на Советот за безбедност: Африм Гаши, претседател на Собранието;...

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по...

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто...

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. [gallery...