Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Грузија и на Република Казахстан

9 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Грузија и на Република Казахстан.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на Тамуна Лилуашвили, новоименувана амбасадорка на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, претседателот Пендаровски истакна дека по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји во февруари 2019 година, се создадоа неопходните услови за интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес меѓу кои особено се значајни европските и евроатлантските ориентации на двете земји. Претседателот Пендаровски истакна и дека верува дека во постковид периодот, двете земји кои имаат голема традиција, ќе ја продлабочат соработката во доменот на културниот туризам што ќе придонесе за поблиско меѓусебно запознавање на граѓаните од двете земји.

Нагласувајќи дека ѝ претставува огромна чест што е првиот акредитиран грузиски амбасадор во Северна Македонија, амбасадорката Лилуашвили истакна дека членството во Европската Унија е една од заедничките цели што ги споделуваат двете земји. Амбасадорката Лилуашвили истакна дека со воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји, Грузија се здоби со нов пријател и партнер при што се заблагодари на нашата земја за поддршката на процесот на европска и евроатлантска интеграција на нејзината земја, како и на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Оценувајќи дека двете земји градат пријателски односи во духот на меѓусебното разбирање, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Жанибек Абдрашов, новоименуван амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, нагласи дека двете земји негуваат долгогодишни пријателски односи за коишто постојат можности и желба да се унапредат динамизирајќи ја соработката во повеќе сфери од заеднички интерес.

Амбасадорот Абдрашов истакна дека натамошното продлабочување и проширувањето на соработката меѓу двете земји во наредниот период ќе се одвива во насока на основните интереси на двете пријателски земји и народи.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...