Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Естонија и на Етиопија

27 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Естонија и на Сојузна Демократска Република Етиопија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Раул Томас, новоименуван амбасадор на Република Естонија, со седиште во Будимпешта, претседателот Пендаровски истакна дека двете држави ги поврзува долгогодишно искрено пријателство, нагласувајќи дека суштината на односите се темели на заедничката визија за слободна и просперитетна Европа, изградена врз начелата на демократијата, мирот и владеењето на правото.

„Во овој контекст, дозволете ми да упатам голема благодарност за недвосмислената и видлива поддршка од Република Естонија за остварување на нашите стратешки цели – членство во НАТО и ЕУ. Денес, сме сојузници во најзначајниот воен сојуз во историјата на Европа – НАТО Алијансата, а сосема неодамна Република Северна Македонија направи чекор, кој овозможи почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Како држава-членка на Унијата, вашите искуства и поддршка во рамките на преговарачкиот процес за нас ќе имаат особено значење. Оттука, би сакал да го нагласам моето очекување дека, со отпочнувањето на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, ќе продолжиме да ја конкретизираме и соработката во доменот на европските интеграции“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Томас ја истакна својата подготвеност за натамошно унапредување на динамичната билатерална соработка и за изнаоѓање нови можности за соработка.

„Отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ беше важен чекор напред за Вашата земја. Естонија силно го поддржува и ќе го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ. Секогаш сме подготвени да ги споделиме нашите искуства од европската интеграција. Естонија е многу благодарна за одлуката на Вашата земја целосно да се усогласи со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и санкциите на ЕУ против Русија“, рече амбасадорот Томас.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Демиту Хамбиса Бонса, новоименуваната амбасадорка на Сојузна Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, претседателот Пендаровски го нагласи интересот и подготвеноста на Северна Македонија за натамошно севкупно унапредување и развој на односите и соработката со Етиопија во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

„И покрај географската оддалеченост на нашите две пријателски земји и припадноста на различни региони, цврсто сум убеден дека постои заедничка желба и потенцијал да ги развиваме и унапредуваме меѓусебните односи за доброто на нашите народи“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Бонса оцени дека Етиопија и Северна Македонија уживаат пријателски односи и дека двете земји споделуваат заеднички ставови и имаат меѓусебно разбирање за повеќе-димензионални аспекти.

„Владата на Етиопија сака да работи со Вашата влада за да ги зајакне постојните односи меѓу двете земји и дополнително да ги продлабочи односите во областа на трговијата, инвестициите и туризмот“, рече амбасадорката Бонса.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Естонија и на Етиопија им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...