Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новите амбасадори на Meксико и на Малезија

30 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Соединетите Мексикански Држави и на Малезија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новиот амбасадор на Соединетите Мексикански Држави, со седиште во Белград, Карлос Исауро Феликс Корона, претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи и соработката меѓу двете држави традиционално се базираат на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, додавајќи дека постојат низа можности за нивно унапредување особено во културата, образованието, туризмот и економијата.

„Во таа насока искрено се надевам дека и Вие, преку Вашиот иден ангажман, ќе придонесете кон нивно севкупно зајакнување, внесувајќи притоа и нови содржини, преку поинтензивен политички дијалог, комуникација меѓу парламентите, збратимување на локално ниво и зајакната економска соработка“, рече претседателот Пендаровски.

Мексиканскиот амбасадор истакна дека годинава се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, нагласувајќи дека активно ќе се залага да промовира ново поглавје на разбирање и соработка меѓу Мексико и Северна Македонија засновано на долгогодишно и силно пријателство и разбирање.

„Мексико како 15-та економија во светот, со разновидна и отворена економија, е сигурен трговски партнер на Северна Македонија во нејзината визија да ги диверзифицира своите економски врски во другите региони во светот. Промоцијата на меѓусебните трговски и инвестициски можности е друга важна задача во мојата работна агенда“, рече амбасадорот на Мексико.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на Франциско Мунис, новиот амбасадор на Малезија со седиште во Будимпешта, претседателот Пендаровски истакна дека двете држави негуваат пријателски врски, при што, Северна Македонија придава внимание на развојот и унапредувањето на севкупните односи со Малезија, на билатерален и на мултилатерален план.

„Цврсто сум убеден дека, освен заедничка желба, постои и голем потенцијал да ги развиваме и унапредуваме меѓусебните односи. Ова особено се однесува на соработката во делот на туризмот, културата и економијата, каде Република Северна Македонија, со поволностите кои ги нуди, би можела да претставува влезна врата за малезиските производи во регионот на Југоисточна Европа“, рече претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека очекувањата и потенцијалот на економското и деловното партнерство се ветувачки, особено во областа на прехранбената индустрија, туризмот и културните размени, амбасадорот Мунис нагласи и дека двете земји одржуваат практична соработка на мултилатерално ниво, каде што се посветени на решавање на меѓународните прашања на фер и правичен начин.

„Во таа насока, Малезија и Северна Македонија ќе продолжат да негуваат срдечни односи со сите земји и да соработуваат во сите сфери во однос на глобалните прашања, како во рамките на Обединетите нации, така и во рамките на други меѓународни платформи“, рече амбасадорот Мунис.

Претседателот Пендаровски на новите амбасадори на Соединетите Мексикански Држави, Карлос Исауро Феликс Корона и на Малезија, Франциско Мунис им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...