Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Норвешка, Кристин Мелсом

13 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Кристин Мелсом, новоименуваната амбасадорка на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

 Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази задоволство од одличните билатерални односи и од успешната соработка помеѓу двете пријателски земји коишто се негуваат преку одржување на континуиран политички дијалог. Посочувајќи дека Кралството Норвешка, иако не е земја членка на Европската Унија, активно придонесува во процесите на европската трансформација на македонското општество, претседателот Пендаровски нагласи дека двете земји како членки на НАТО, се блиски сојузници коишто ги споделуваат истите безбедносни предизвици, обединети во одбраната на меѓународниот поредок, заснован на правилата и демократските вредности. Тој оцени дека постои голем неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката, особено на економски план и во тој контекст упати порака до бизнис-заедниците и трговските комори од двете страни за зголемување на трговската размена, да се искористат економските потенцијали и да се иницираат инвестиции во ИТ-секторот и во енергетиката.

 Амбасадорката Кристин Мелсом во својот говор потенцираше дека билатералните односи меѓу двете земји се темелат на цврста основа на историско пријателство и истакна дека тие ќе продолжат да се развиваат и натаму. Таа ја нагласи нашата посветеност на реформите во одбраната, како заеднички приоритет во билатералната агенда и ги истакна соработката во воено-медицинската област, посетите на нашите службеници на Норвешка за обуки и размена на идеи, како и соработката во рамките на Воените академии на двете земји. Амбасадорката Мелсом рече дека Норвешка ќе продолжи да ја поддржува интеграцијата и соработката во Европа, оддавајќи признание на извонредните достигнувања во нашата земја во последните години и додаде дека Норвешка е оптимист дека Северна Македонија ќе добие зголемена поддршка од земјите-членки на Европската Унија.

 Претседателот Пендаровски на амбасадорката Мелсом и посака успешно извршување на значајната, благородна и одговорна функција и изрази уверување дека во вршењето на нејзините дипломатски должности ќе ги ужива потребното внимание и поддршка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...