Обраќање на претседателот Пендаровски на годишниот Амбасадорски совет

28 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-врска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, во рамки на годишниот Амбасадорски совет, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање направи кус осврт на состојбите на внатрешно-политички план оваа година, посочувајќи на економските предизвици и енергетската криза, како и борбата против корупцијата.

Во контекст на надворешно-политичките аспекти, претседателот говореше за почетокот на преговорите со ЕУ, обидите за враќање на довербата во евроинтеграцијата и зголемување на поддршката за членство во Унијата, како и за натамошните чекори во преговорите.

Претседателот се осврна и на војната во Украина и ситуацијата во регионот од безбедносен аспект при што го нагласи позиционирањето на Северна Македонија во поширокиот регион и засилениот фокус на Европската Унија кон регионот. Претседателот говореше и за претстојното македонско претседавање со ОБСЕ, како и потребата од зајакнување на билатералните соработки со земјите во кои се акредитирани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за Социјална работа и социјална политика, што се одржува од...