Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк

25 септември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк, за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од билатералните односи на Северна Македонија со САД и со Израел, на кои нашата држава придава големо значење и притоа го изрази постојаниот интерес за понатамошна промоција и зајакнување на односите во сите области од заеднички интерес со двете држави.

На средбата претседателот Пендаровски ја нагласи важноста од одржување редовни контакти со израелските колеги, како и со претставниците на Американско-еврејскиот комитет, Светскиот еврејски конгрес, Еврејската агенција и преживеаните од холокаустот.

Во тој контекст, Претседателот изрази очекување дека одличното ниво на дијалог, соработка и меѓусебно почитување и разбирање со Американско-еврејскиот комитет во наредниот период ќе продолжи со истата динамика. Тој изрази и уверување за уште поплодна соработка во сите области од заеднички интерес, имајќи ги предвид истите заложби за мир, демократија и просперитет на глобално ниво.

Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ја важноста што Северна Македонија ја придава на Еврејската заедница во нашата држава подвлече дека Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје спроведува долгорочна мисија за промоција, едукација и истражување за сеќавањето на Холокаустот во насока на борба против опасностите од секаков вид нетолеранција, шовинизам и антисемитизам, а со цел изградба на општество во кое се негуваат и целосно се почитуваат етничката и верската разноликост.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...