Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

6 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски изрази убедување дека со својот ангажман и богато професионално искуство, амбасадорот Филипе ќе придонесе за изнаоѓање на нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка меѓу двете држави.

„Дозволете ми да ја истакнам искрената подготвеност на Република Северна Македонија за унапредување на соработката со Република Ангола. Во годината кога одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, посебно би сакал да ја истакнам нашата желба за збогатување на нормативно-правната рамка за уредување на билатералните односи, како и нашиот интерес за унапредување на економската соработка“, рече претседателот Пендаровски.

Во своето обраќање, амбасадорот Филипе ја пренесе подготвеноста на владата на Ангола за создавање на врски за соработка со Република Северна Македонија во најразновидни домени на заеднички интерес, имајќи ги секогаш како базични принципи почитта помеѓу двете суверени држави, солидарноста и пријателството помеѓу народите.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Филипе му посака успех во извршувањето на функцијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...