Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Кралството Белгија, ја посети општината Антверпен и Почесниот конзулат на Република Северна Македонија со седиште во Антверпен.
На средбата со градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер, беа разменети мислења за актуелните политички состојби и предизвици, како и за потенцијалите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.
Во Почесниот конзулат претседателот оствари средба со Рајес Леменс, почесен конзул на Северна Македонија во Белгија, кој го информираше за неговиот ангажман во унапредувањето на македонско – белгиските бизнис релации.