Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.
Претседателот Пендаровски го посети Модуларниот ковид центар на Општата Болница во Кавадарци и оствари средба со иницијаторот на хуманитарната акција „Донирај компјутер“
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Кавадарци го посети Модуларниот ковид центар на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност и оствари средба со Борче Стаменов, иницијатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“. [gallery...