Брифинг за борбената готовност на Армијата во 2022 година

26 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваше на брифинг за борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија во 2022 година.

На брифингот, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски информираше за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година и ја претстави состојбата во областите кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата во тековната година.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со степенот на реализација во функционалните области: персонал, обука и вежби, опрема и инфраструктура, операции, воено планирање и структура на сили, модернизација и опремување, и буџет и финансирање.

На брифингот претседателот Пендаровски истакна дека и во 2022 година припадниците на Армијата ја докажаа својата професионалност, посветеност и подготвеност. Во годината кога ја одбележавме 30 годишнината од нејзиното формирање, рече претседателот Пендаровски, Армијата уште еднаш ја оправда високата доверба што ја има кај македонските граѓани. Дополнително, посочи претседателот Пендаровски, реализирацијата на обемната воена вежба „Брз одговор 22“ на воениот полигон „Криволак“ го демонстрираше капацитетот на Армијата да даде придонес кон колективната одбрана, безбедноста и сигурноста на НАТО, во време на предизвици по руската агресија на Украина.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше неговите заложби за натамошно инвестирање во модернизирањето и опремувањето на Армијата и достигнување на зацртаната цел – два отсто од БДП да се одвојува за одбраната.

Брифингот е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...