Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

31 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев.

На свечената церемонија на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Касијев со неговиот професионален ангажман ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји, чии односи се темелат на пријателство, почит и меѓусебно разбирање.

„Дозволете ми, да ја истакнам нашата искрена подготвеност за продлабочување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес. Ве уверувам дека ќе продолжиме со сите неопходни активности и иницијативи за постигнување на овие цели и за унапредување на билатералниот политички дијалог, како и на иницијативите за зацврстување и проширување на сферите на соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање.

Амбасадорот Касијев во своето обраќање посочи дека политичките односи меѓу двете земји се развиваат во нагорна линија, но дека е неопходно продлабочување на економската соработка, како и соработката во областа на енергетиката, земјоделството, туризмот и инвестициите, кадешто ќе ги насочи своите лични напори и ангажмани.

„Сметаме дека политичките односи ќе продолжат да се зајакнуваат врз основа на почитување на нормите и принципите на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и Хелсиншкиот финален акт на ОБСЕ, особено во делот на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на меѓународните граници“, истакна амбасадорот Касијев.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Касијев му посака успех во дипломатската мисија и изрази подготвеност за негова целосна поддршка во извршувањето на одговорната функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...