Заедничка изјава на претседателите од групата Букурешт девет, поддржани од претседателите на Северна Македонија и на Црна Гора

12 октомври 2022 | Соопштенија

Ние, претседателите на Бугарија, Чешката Република, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка ги осудуваме масовните бомбардирања на украинските градови извршени неодамна од страна на Русија, кои, според меѓународното право, претставуваат воени злосторства.

Потсетуваме дека воените злосторства и злосторствата против човештвото не подлежат на никаков рок на застареност и се опфатени со јурисдикција на судовите ширум светот.

Во име на нашите држави, бараме Русија веднаш да престане со нападите врз цивилните цели. Нема да престанеме со нашите напори да ги изведеме пред суд одговорните за денешните злосторства.

Сметаме дека се неприфатливи какви било закани од руски претставници за употреба на нуклеарно оружје. Во овој контекст, ја потврдуваме нашата посветеност за заштита на нашите земји и сојузници.

Румен Радев
Претседател на Република Бугарија

Милош Земан
Претседател на Чешката Република

Алар Карис
Претседател на Република Естонија

Каталин Новак
Претседател на Унгарија

Егилс Левитс
Претседател на Република Латвија

Гитанас Науседа
Претседател на Република Литванија

Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија

Мило Ѓукановиќ
Претседател на Црна Гора

Анджеј Дуда
Претседател на Република Полска

Клаус Јоханис
Претседател на Романија

Зузана Чапутова
Претседател на Словачката Република

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...