Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

7 декември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа.

На сесијата во рамки на Самитот, претседателот истакна дека историски момент и значаен исчекор за Северна Македонија е отворањето на преговорите за членство во ЕУ оваа година, но дека почетокот на овој процес истовремено имаше висока цена за нашата земја, имајќи го предвид противењето на преговарачката рамка, која сепак на крајот беше усвоена. Тој посочи на истражувањата на јавното мислење и падот на евроентузијазмот, односно поддршката за интеграција во Европската Унија во последните 18 месеци. Претседателот Пендаровски рече дека одговорното политичко лидерство треба да покаже дека ова е најдобрата алтернатива за нашата држава, за просперитетот и за вистинска трансформација во виталните области на нашето општество, нагласувајќи дека ова е патеката од која нема да се откажеме. На тој пат, додаде тој, очекуваме целосна поддршка од страна на ЕУ и ја потенцираше неопходноста Западниот Балкан постојано да биде во фокусот на Унијата, не само кога Европа се соочува со предизвици како што е војна, или мигрантска криза.

Во дискусијата, претседателот посочи дека се потребни промени како во нашиот регион, така и во Брисел, додавајќи дека сè додека Унијата не го промени начинот на одлучување, не може да се очекува голем прогрес во однос на проширувањето, но и на другите политики. Понатаму, тој истакна дека колку помалку ЕУ е присутна во нашиот регион, толку повеќе ќе се даде простор за Русија и за разни тоталитарните модели на управување.

На прашање во однос на улогата на младите во евроинтеграциите и како да се зголеми нивното влијание и улога во процесот на одлучување и креирање политики, претседателот Пендаровски рече дека тој секогаш го поддржувал младинскиот активизам и иницијативи, посочувајќи го и формирањето на Претседателскиот центар за политичко образование, во насока на јакнење на демократските политички вредности и придонес на младите за позитивен развој на општеството.

Тој ја потенцираше важноста од нивната улога во севкупниот напредок на општеството, додавајќи дека е невозможно да се усвојуваат легислативи кои ќе бидат во корист само на младите, или само на постарата генерација, туку потребни се промени од кои ќе имаат бенифит сите генерации. Воедно, тој го посочи иселувањето и негативната демографија како сериозна закана за нашите општества.

На Самитот, покрај претседателот Пендаровски, учествуваше премиерот на Република Албанија, Еди Рама и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Белгија, каде денеска во Монс имаше средба со Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Американски совети за меѓународно образование, меѓународна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, кои престојуваат во посета на нашата држава. На средбата се...

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...