Сопругата на претседателот во посета на малешевскиот регион

5 април 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска беше во посета на малешевскиот регион каде што имаше средби со претприемачки и членови на семејно стопанство, а го посети и Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост при Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово, којшто минатата година беше опремен под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во рамки на посетата на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост при Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово за чиешто опремување минатата година под покровителство на претседателот Пендаровски беше обезбедена донација од Амбасадата на Народна Република Кина, сопругата на претседателот имаше можност да ги разгледа опремените кабинети за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца, млади и возрасни со аутистичен спектар на нарушувања. Во Дневниот центар се обезбедува дневно згрижување, работна производна активност, работна терапија, стимулирање на развој на комуникативните способности, социјализација со цел осамостојување на лицата кои тука се згрижуваат.

Во разговорот со вработениот персонал во овој Дневен центар, г-а Ѓоргиевска беше информирана дека опремените кабинети и сензорната соба го подигнаа квалитетот на услугите кои ги добиваат граѓаните кои го посетуваат овој центар. Според г-а Ѓоргиевска, од голема важност е натамошното подобрување на условите за лицата со попреченост и за зголемување на нивната видливост, за што е потребно вложување од сите чинители.

На средбата во Пехчево со Емилија Пехчевска произведувачка на производи од шумско овошје, сопругата на претседателот имаше можност одблиску да го види начинот на производство на мармaлади, слатко, сирупи и сокови од шумско овошје. Пехчевска ја информираше г-а Ѓоргиевска дека производите се органски и од домашно производство и со нив сакаат да влијаат на домашниот пазар за јакнење на свеста за купување и вреднување на домашното органско производство.

При посетата на село Русиново, г-а Ѓоргиевска оствари средба со ткајачката Љубинка Механџиска при што ги разгледа нејзините уникатни ткаени производи. Со разновидните текстилни ракотворби Механџиска ја претстави нашата земја на Меѓународниот форум за традиционални занаети во Шарџа, Обединетите Арапски Емирати, промовирајќи го македонското културното наследство и традиционалните занаети.

Сопругата на претседателот го посети и семејното стопанство на Делфина и Горан Пецуровски во село Русиново коишто се занимаваат со производство на млечни производи. Запознавајќи се со процесот на производство на млечни производи, г-а Ѓоргиевска беше информирана дека ова семејно стопанство придава големо значење за географскиот предзнак и промовирањето на производите од ова поднебје.

Со средбите со претприемачки од малешевскиот регион, г-а Ѓоргиевска изрази поддршка на женското претприемништво, на домашното производство на органска храна и на промоцијата на производи со географски предзнак.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...