Месец на Франкофонијата: Претседателот Пендаровски на час по француски јазик во Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје

7 април 2022 | Соопштенија

По повод завршувањето на месецот на Франкофонијата, претседателот Стево Пендаровски во придружба на францускиот амбасадор Сирил Бомгарнтер, денеска ги посети билингвалните франкофонски паралелки во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје.

Претседателот беше запознаен со наставната програма на билингвалните франкофонски паралелки, меѓународната соработка што ја остваруваат со француските гимназии и заедничките педагошки проекти, можностите за училишни размени и образовните перспективи на учениците во иднина.

Во разговорите со професорите и учениците од четврта година, претседателот Пендаровски посочи дека учењето во билингвалната франкофонска паралелка претставува одлична можност не само за комуникација и усовршување на францускиот јазик, туку и за размена на искуства, посета на Франција и запознавање со богатата француска традиција и култура, и продолжување на високото образование на еминентни француски универзитети.

„Со билингвалната настава, гимназијата „Орце Николов“, се вбројува меѓу институциите кои имаат активна улога во промоција на францускиот јазик и франкофонската култура. Со негување на франкофонската традиција го продлабочуваме пријателството со Франција и го јакнеме чувството на солидарност со францускиот народ“, посочи претседателот Пендаровски, додавајќи дека особено е горд што наши ученици образованието го продолжуваат и го завршуваат на реномираните француски универзитети.

Гимназијата „Орце Николов“ е првата гимназија со билингвална франкофонска настава во Северна Македонија, која е воведена во учебната 2000/2001 година и го поседува брендот за квалитет за билингвална настава „Label Franc Education“, што го доделува француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Во моментов, билингвална франкофонска настава по предметите хемија, математика, историја и географија посетуваат 106 ученици од оваа гимназија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...