Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

29 март 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

Почитуван Претседателе Ван дер Белен,

Почитувани претставници на австриската и македонската бизнис заедница,

Ценети гости,

Официјалната посета на почитуваниот претседател и наш пријател, Ван дер Белен, го симболизира долгогодишното македонско-австриско пријателство и партнерство. Ние не само што немаме отворени прашања меѓу нас, туку наидуваме на постојана, силна и принципиелна австриска поддршка на нашите европски интеграции и стратешки интереси. Затоа ми претставува чест, во оваа посебна прилика, да ве поздравам и да посакам успешна работа на овој македонско-австриски деловен форум.

Имајќи ги во предвид одличните билатерални односи, изградената доверба и исклучително плодната економска соработка, клучните прашања и констатации на кои сакам да се осврнам се: која треба да биде основната цел на овој македонско-австриски деловен форум, во услови кога Австрија е веќе најголемиот инвеститор во Северна Македонија? Како овој Форум може да ја унапреди деловната соработка, кога некои од водечките компании во клучните области на енергетиката, телекомуникацијата, градежништвото, банкарството, осигурувањето се во сопственост на австриски инвеститори? Македонската и австриската стопанска заедница се познаваат доволно долго и доволно добро, но, убеден сум дека формални собири од овој тип не можат да одмогнат, напротив!

Ценети присутни,

Постојат барем три добри причини за денешнава средба.

Првата причина е што трговската размена меѓу Северна Македонија и Австрија е се уште мала ако се имаат предвид квалитетот на билатералните односи, бројот на австриски компании на македонскиот пазар и потенцијалот за развој на двете страни. Тоа зборува дека можностите за соработка не се доволно искористени, особено во сферата на земјоделството и прехранбената индустрија.

Втората причина е фактот дека Европа и светот минуваат низ клучен период. Од една страна се соочуваме со бројни и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат и продлабочуваат. Нема земја што не е погодена од геополитичките ризици, енергетската криза, ценовните шокови и инфлацијата. Од друга страна, сведоци сме на брза технолошка и дигитална трансформација на производството, пазарот и професиите. Зелената агенда влијае на промената на потрошувачките навики, а со тоа и на понудата и побарувачката. Иновациите и новите технологии можат да понудат решенија за многу од предизвиците со кои се соочуваме. Ова се новите полиња на економска соработка.

Тоа не води до третата причина за организирање на овој форум. За успешно да ги надминеме предизвиците и да обезбедиме долгорочен одржлив раст за Северна Македонија, минатата година ја донесовме Рамката за развој „МКД 2030“ во која утврдивме четири развојни приоритети. Меѓу другото, тие опфаќаат вложување во образованието, дигитализацијата и ИТ секторот, земјоделството, екологијата и енергетиката, особено чистата енергија. Оние компании кои навреме ќе инвестираат во развојот на овие области кај нас ќе се стекнат со конкурентна предност на македонскиот пазар во наредните децении. Затоа, ја користам оваа прилика да ги поканам македонските и австриските компании да соработуваат во областите за кои е утврдено дека ќе бидат наши развојни стратешки приоритети во иднина.

Почитувани стопанственици,

За Австрија да продолжи да биде број еден инвеститор во Северна Македонија, не само во наредните неколку години туку и во наредните децении, нужно е да отвориме новите перспективи во економската соработка.

Улога на државите е да создаваат услови за вие да може полесно и подобро да соработувате. Меѓу Северна Македонија и Австрија нема отворени прашања, туку само отворени можности. Се надевам дека овој форум ќе биде потврда на досегашната квалитетна соработка, но и почеток на нова фаза на соработката помеѓу компаниите од двете земји. Ви посакувам успешна деловна средба, сигурен сум дека ќе размените важни информации и ќе успеете да се поврзете на начин кој би бил од корист за унапредување на бизнис климата во двете држави.

Наредната 2024-та ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две пријателски држави. Во пресрет на тој значаен јубилеј, ве повикувам да ја искористите стекнатата доверба и да ја продлабочите соработката.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...