Ѓоргиевска: Родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира

5 април 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настанот „Твоето тело е твое, и на нет и во реалниот свет“ во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА во Скопје.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека родово базираното насилство во интернет просторот е недоволно експонирана тема чие актуелизирање е потребно и изнаоѓање на решенија.

„Насилството во виртуелниот свет иако не е физичко, подеднакво боли и остава трајни последици. Многу жени ширум светот доживеале некаква форма на родово базирано насилство извршено со злоупотреба на технологијата, додека девојчињата, девојките и младите жени се особено подложни на тоа“, истакна Ѓоргиевска.

Таа ја поздрави изработката на поимникот за родово базирано насилство, потенцирајќи дека колку сме поинформирани за разновидните начини на коишто интернетот може да биде (зло)употребен како алатка за насилство, толку полесно ќе биде тоа да се спречи, соодветно да се реагира и да се санкционира.

За насилството кое се случува онлајн, во виртуелниот простормораме да зборуваме отворено и гласно, постојано и упорно.  Само така полесно ќе го препознаеме за да можеме да го спречиме. Мораме да ги сензибилизираме нашите граѓанки дека родово базираното насилство во интернет просторот е недозволиво и треба да се санкционира и искорени. Често многумина, особено млади, не се свесни за тежината на постапките на социјалните мрежи и се чувствуваат слободни и сигурни зад тастатурата да можат да загрозуваат друга личност, дискриминирајќи, навредувајќи, извршувајќи насилие. Тоа мора да запре“, рече во обраќањето Ѓоргиевска.

Таа изрази благодарност до сите кои отворено зборуваат за насилството што им се случило и со тоа ги охрабруваат и останатите жртви да не потиснуваат и живеат во страв.

Настанот е дел од глобалната кампања на УНФПА „Вodyright“, што претставува глобален повик за акција со цел да се спречи насилството врз жените и девојчињата во виртуелниот простор.

На настанот се обратија Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политикаЏон Кенеди Мосоти, директорот на УНФПА во Северна Македонија и Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларија на Фондот за население на Обединетите Нации во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...