Брифинг за борбената готовност на Армијата во 2020 година

23 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, денес во Домот на Армијата во Скопје, беше информиран од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата и борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

На првиот брифинг за борбената готовност по полноправното членство во НАТО Алијансата присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, генералите во Армијата и претставници од кабинетот на претседателот и министерството за одбрана.

Претседателот Пендаровски, за време на брифирањето беше запознаен со состојбата во Армијата според следните функционални области: персонален менаџмент и морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка. Притоа беа истакнати планираните и реализираните активности во однос на обуката, ангажирањето на Армијата во асистенција на институциите во справување со „Ковид-19“, текот на трансформациските и интегративните процеси кои се одвиваат согласно НАТО стандардите и останати сегменти од работата на единиците кои имаат влијание врз борбената готовност.

Од страна на генералот Ѓурчиновски беше истакнато дека со особено залагање и професионализам на сите припадници на Армијата се реализираат сите доделени задачи во поддршка на институциите при справувањето со епидемиолошката кризна состојба предизивкана од вирусот „Ковид-19“, успешно се реализираат подготовките и учеството во меѓународните операции и дека со несмалено темпо ќе се продолжи со исполнување на сите планирани задачи поврзани со потполна интеграција во структурата на НАТО.

Притоа беше истакнато зголемувањето на борбената готовност во тековната година особено во областа на моралот на припадниците на Армијата врз основа на подобрувањето на животниот стандард и условите за престој и работа преку реновирање на објектите во касарните.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека како членка на НАТО Северна Македонија има обврска не само да ги постигне туку и да ги унапредува НАТО стандардите во чекор со сојузниците, а тоа значи постојано инвестирање во борбената готовност на Армијата. Таа нагласи дека приоритет е инвестирањето во човечкиот потенцијал, приловот на млади војници чија мотивираност ја предизвикаа подобрените услови, повисоките плати и модернизацијата на Армијата. Континуираното зголемување на буџетот на одбраната за 0,2% во последните 3 години, со цел да се достигне 2% од БДП до 2024 година, го овозможува тоа – рече министерката.

„Зајакнувањето на борбената готовност на Армијата е наш национален и НАТО приоритет. Лесниот пешадиски баталјон за неколку години ќе прерасне во Лесна пешадиска борбена група. Примарен фокус во градењето на оваа НАТО способност е пополната со персонал, опремувањето и обуките. Високото ниво на борбена готовност секојдневно го демонстрираат и нашите мировници ангажирани во операциите за поддршка на мирот“ – рече министерката Шекеринска.

Претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски во своето обраќање до учесниците на брифингот истакна:

„Изминатава 2020-та година, со сите предизвици што ни ги донесе, е историска за Армијата, поради зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО, чин со кој се исполни една од нашите главни стратешки цели како држава, и се валоризираа севкупните напори на припадниците на одбраната од независноста до денес. Како Врховен командант сум горд на високиот професионализам и покажаната посветеност на припадниците на Армијата и во изминатата година. Прогласената кризна состојба уште еднаш ја потврди подготвеноста на Армијата брзо да одговори на потребите на институциите и да даде поддршка кога е тоа потребно. Инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи. Еден од моите главни приоритети останува во следните години да ја достигнеме зацртаната цел, 2% од БДП да се одвојува за одбраната.“

Брифингот на борбената готовност е планска годишна обврска на началникот на Генералштабот кон претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените сили.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...