Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими во проштална средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.
На средбата, претседателот Пендаровски изрази задоволство од развојот на односите, соработката и партнерството со Соединетите Американски Држави, потенцирајќи дека почетокот на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји годинава, претставува важен исчекор во развојот на односите и конкретна имплементација на Стратешкото партнерство.
Во разговорот, претседателот ја нагласи важната улога и континуираната поддршка од САД за стабилноста, демократизацијата и просперитетот на Северна Македонија и ја реафирмираше подготвеноста од македонска страна за натамошна соработка во рамки на НАТО и придонес во колективната безбедност.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за конструктивната соработка, севкупниот ангажман и посветеноста на амбасадорката во унапредување на односите меѓу двете држави, и ѝ посака успех во натамошната кариера.