Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска: Сите заедно треба да работиме во подигање на свеста за борба против семејното и родово базирано насилство

3 март 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица.

Во изминатиов период на пандемија со Ковид-19, поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања, за жал, е зголемен бројот на случаи на семејно и родово базирано насилство. Токму затоа, потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават истото и да ја добијат потребната заштита, згрижување, како и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.

Сопругата на претседателот заедно со Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на UNFPA MK, го посетија овој Центар кадешто се запознаа со лицата – жртви кои се сместени таму, како и со дел од тимот кој им ја пружа неопходната помош.

Целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.

Центарот, кој својата работа ја започна на почетокот од минатата година, е отворен од Здружението на граѓани Скај Плус од Струмица во соработка со општина Струмица и општествено одговорни субјекти, обезбедувајќи привремено прифаќање и згрижување на лицата – жртви на семејно и родово базирано насилство. 

Во Центарот, лицата – жртви од семејно и родово базирано насилство покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траума, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување на финансиска независност. Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за различни социјални вештини.

Република Северна Македонија во 2017 ја ратификуваше, а во 2018 го усвои Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство чијшто посебен фокус во имплементацијата е ставен на националната легислатива и развивање на специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...