Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

31 март 2026 | Соопштенија

Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова.

Почитувани претставници на медиумите,

Почитуван претседателе, господине Милатовиќ добредојдовте,

Средбава се случува во пресрет на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, еден важен настан за одбележување, среќен настан, но и, морам да кажам, 20 години од добивањето на нашиот кандидатски статус за Европската Унија. Мило ми е што претседателот е во возвратна официјална посета.

Денеска, уште еднаш, потврдивме дека сме извонреден пример на регионално добрососедство, добар пример на соработка, внатре, во рамките на НАТО сојузот и денешната средба уште повеќе ја зацврстува довербата.

Она што за обајцата денеска беше ново, важно и инспиративно е потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Младинските совети и очекувам овој меморандум да внесе свежина и креативност во нашите односи.

Што се однесува до економската соработка, господинот Милатовиќ е далеку поупатен од мене, но мислам дека овие скромни 61,8 милиони долари мора да се зголемат и има голем простор за тоа во градежништвото, во туризмот, во енергетиката, можеби исто така, во отворањето повторно на авиолинијата Подгорица-Скопје или Тиват-Скопје, бидејќи и двете држави во туризмот полагаат големи надежи.

Каде и да одам, а многупати сме се среќавале со господинот Милатовиќ, по многу настани во рамките на мултилатералната соработка, секогаш во него препознавам компетентен, кредибилен и почитуван соговорник, чии ставови ми значат и ги ценам. Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија.

Денеска, црногорскиот претседател укажа на еден настан што ќе се случи, a e историски, одржувањето на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Црна Гора, што има логика со најбрзото напредување на Црна Гора на патот кон Европската Унија. Го поздравувам, го поддржувам и мислам дека тоа ќе биде доказ дека прашањето за членството на Западниот Балкан не е веќе само прашање врзано за иднината, туку е прашање што треба и може да стане реалност.

Се разбира, нашата соработка ќе продолжи во моделот на преговарање, отворањето на кластери, затворањето на кластерите и на поглавјата. Знам дека Црна Гора тоа одлично го прави. Се разбира, денеска повторно го реафирмирав принципот што не сум го измислила, ниту пак некој одовде го креирал, принципот или принципите воспоставени во далечната 93-та година познати како Копенхашки критериуми. Повикав нашето чекорење кон ЕУ да биде во рамките на она што се нарекува европско уставно право. Многу важно е, бидејќи, еден преседан доколку се храни, ќе отвори или ќе создаде плодна почва и за нови преседани. Не постои европско право за малцинства. Во ЕУ има држави, многу големи, кои дури не ја потпишале Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Во ЕУ има држави најголемиот дел кои немаат ниту еден збор во уставот за малцинствата, имаат само антидискриминаторна клаузула дека сите луѓе се еднакви без оглед на било каква припадност, па и етничката.

Инсистирам на еднакви стандарди.

Она што е ново во нашиот пат, беше изјавата на претседателот на Европскиот Совет во Софија, господинот Антонио Кошта, за потребата од гаранции со оглед на неможноста да се предвиди што може да се појави понатаму како услов надвор од Копенхашките критериуми и надвор од она што Европската Унија го утврдила во основниот документ, наречен Договор за ЕУ: ќе ги почитува националниот и културниот идентитет на секоја нација и држава, дигнитетот и интегритетот на секој граѓанин, како и уставните и политичките структури на државите. Неисполнувањето на овие гаранции може да доведе до покренување постапка пред судот во Луксембург. Се разбира, ние не можеме да покренеме ваква постапка.

Новото за нас е она што господинот Вајц го бара од Правната служба на Европскиот Совет околу толкувањето на природата на протоколот, односно на записникот, којшто стана интегрален дел на преговорачката рамка и на заклучоците. Мислам дека тоа барање е задоцнето, но секое барање за правна интерпретација е добро. Мислам дека уште при расправата за преговорачката рамка и за заклучоците требало да се води сметка за основните принципи и вредности на Европската Унија, бидејќи Европската Унија не е, со право вели господинот Макрон, политичка и бирократска машинерија, туку е филозофија, а филозофија без вредности и принципи нема.

Мислиме дека целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница, а не само политички систем, туку заедница што инспирира и која што е целосна. Она што обајцата мислиме дека треба да го истакнеме е: жалам за откажувањето на самитот Брдо-Бриони. Во рамките на овие самити, секогаш имаше и желба и волја да размениме ставови и мислења и да предложиме заеднички решенија. Но, не си дозволувам да ги коментирам причините. Би сакала да кажам дека регионалната соработка е не само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите на Западниот Балкан, за мене е императив. Меѓусебното разбирање побрзо ќе нè одведе до Европската Унија. Обратно, ако нема спремност меѓу нас да се разбереме, да се почитуваме и да се поддржуваме, тогаш сами си го отежнуваме патот кон Европската Унија.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...