Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

23 мај 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница.

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите. На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори.

Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија.

И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование.

Јазикот е најцврста врска меѓу предците и потомците, со кој се пренесува неповторливото искуство и уникатната перцепција што народот го има за реалноста. Оттука, влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности.

Со такво уверување, на сите припадници на влашката заедница им го честитам големиот празник – 23 Мај.

Гордана Сиљановска Давкова

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце...

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. [gallery...

Средба со македонската заедница во Полска

Средба со македонската заедница во Полска

За време на посетата на Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со припадници на македонската заедница што живеат таму. Во Република Полска постои мала, но активна, угледна...

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144...

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“. Сиљановска-Давкова ќе...