Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците

28 септември 2025 | Соопштенија

Почитувани,

На 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, испраќам наjсрдечни честитки до сите наши сограѓани, припадници на бошњачката заедница.

Овој значаен празник претставува симбол на стремежот за афирмација на идентитетот, традицијата и вредносниот систем на Бошњаците, како интегрален дел од културно-политичкиот простор на Балканот. Несомнено, празнувањето на овој датум е потсетник дека животот на секоја заедница добива полна смисла само тогаш кога е признаен, почитуван и валоризиран во општеството.

Во една современа и демократска држава каква што се стреми да биде нашата Република, местото на секоја етничка заедница не е маргинално, туку суштинско: во процесите на соживот, граѓанска кохезија и посветено работење за подобра иднина. Впрочем, вистинскиот напредок на едно општество не се мери само со економски параметри, туку и со степенот на почитување и вклучување на сите негови граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност. Во оваа смисла, Меѓународниот ден на Бошњаците е и можност за рефлексија, да се потсетиме дека заедништвото не е само политички идеал, туку практична и суштинска потреба за стабилност и хармонија во општеството. Тоа бара заемна доверба, искрен дијалог и отвореност кон различноста, вредности коишто македонските граѓани отсекогаш ги имале и продолжуваат да ги негуваат и развиваат.

Нека денешниот празник биде инспирација за продолжување на заедничкиот пат кон општество на еднакви можности, достоинство и шанса за сите.

На Бошњаците, но и на сите сограѓани, им посакувам празник исполнет со гордост, радост, среќа и позитивни мисли.

Да ни е честит 28 Септември – Денoт на Бошњаците!

Гордана Сиљановска-Давкова

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по...

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто...

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

„Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место различни генерации сликари, со различни ракописи, насликани за различни генерации  набљудувачи, сите гладни за уметност“, порача претседателката Гордана...